(ВО ЖИВО) По експлозијата на Мајдан: Украинската полиција подготвува офанзива против демонстрантите
Органите на редот во Украина подготвуваат офанзива против радикалните провокатори, кои се наоѓаат во близина на зградата на Врховната Рада, соопшти телевизискиот канал „112 Украина“, цитиран од „Риа Новости“.
Се очекува секој момент специјалците да ги нападнат демонстрантите, за да ги неутрализираат сите провокатори, кои се наоѓаат на плоштадот. До овој момент украинската полиција уапси само еден човек за немирите пред Врховната Рада.
Како што соопштија локалните медиуми над 15 полицајци се повредени откако моќна експлозија одекна околу зградата на украинскиот парламент. Според зборовите на пратеникот Антон Герашенко неколку војници од Националната гарда на Украина се тешко повредени и нивниот живот е во опасност.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/06Of44NSDdg[/embed]
Слично
