Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВО ЖИВО ОД ПАРИЗ) Штотуку изнесоа повреден полицаец од кордонот во „Сен Дени“ 

(ВО ЖИВО ОД ПАРИЗ) Штотуку изнесоа повреден полицаец од кордонот во „Сен Дени“ 

Ранет полицаец штотуку беше внесен во амбулантна кола и однесен кон болница, оваа се виде од директниот видео пренос во живо од акција во француското предградие „Сен Дени“. Драмата започна во раните утрински часови, кога беа нападнати два апартмани во кои се криеле терористите.

Информациите за случувањата зад цврстиот полициски кордон sе контрадикторнi. Досега е познато, но не е официјално потврдено дека се убиени две лица - маж и жена, а четворица од терористите биле уапсени. Се зборува за убиен случаен минувач.

париз 1

Според последните податоци петмина полицајци од одделот за борба со тероризмот се повредени во операцијата, која започна кон 4,20 часот по локално време утрово, соопштува телевизија „BFMTV“. Не се соопштува каква е состојбата на полицајците.

Објасниво е молчењето на француските официјални власти. Сепак во моментов оди вонредна и исклучително одговорна специјална операција против третата ударна група која учествувала во терористичките напади во Париз ноќта на 13 ноември.

Следете ја во живо акцијата на улиците во Париз во видеото подолу!

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZfIjVbvKsGA[/embed]
Слично

Поврзани вести