(ВО ЖИВО) Директно од Москва: Путин и се закани на Турција со страшните ракети C-400!
Рускиот претседател Владимир Путин им се закани на Турците со страшните ракети „C-400“ за време на прес-конференцијата во Москва. Шефот на државата потсетил дека по соборувањето на бомбардерот „Су-24“ на турско-сириската граница, Москва го зголемила своето воено присуство во конфликтните региони.
„Тие (Турските власти) помислија дека ние ќе избегаме од таму. Не, Русија не е таква земја. Ние дури го зголемивме присуството во Сирија, го зголемивме и количеството на борбената авиација таму, пред тоа немаше руски системи за воздушна одбрана, но сега има „C-400“. Ако претходно Турците летаа таму и постојано го прекршувале воздушниот простор на Сирија, тогаш ајде сега да помислат пред да полетаат“, изјавил Путин.
Потоа тој раскажал пред медиумите за идната руска воена база во Сирија. И заврши дека изборот кој да управува со Сирија може да го направи само сирискиот народ.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/k3qmruyCNm8[/embed]