Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Женева уапсени двајца Сиријци, осомничени за тероризам и производство на отровен гас

Во Женева уапсени двајца Сиријци, осомничени за тероризам и производство на отровен гас

Две лица со сириско потекло биле уапсени во Женева под сомнение дека произведуваат и транспортираат експлозиви и отровен гас, соопштија од швајцарското јавно обвинителство.

Двајцата, исто така, се осомничени за кршење на законот кој забранува терористички групи како „Ал Каеда“ и „Исламска држава“ (ИД), пренесе BBC.

Се очекува Женевското обвинителство да даде повеќе детали за случајот.

Јавното обвинителство на Швајцарија поднесе против двајца државјани на Сирија кривично дело во врска со терористичка закана во кантонот Женева.

Женева оваа недела е под зголемено ниво на тревога поради загриженоста од присуство на група на „Исламска држава“ во регионот. Од безбедносните разузнувачи за кратко време беше затворен меѓународниот аеродром како резултат на тревога поради терористи и пронаоѓање на осомничените, пренесе „CNN“. Властите трагаат по најмалку две лица со индиректни врски со осомничените за терористичките напади од 13-ти ноември во Париз.

Нивото на безбедност останува непроменето, изјавија швајцарските власти, и покрај тоа различните настани планирани за сабота и недела, ќе се одржат.

До зголеменото ниво на тревога во Женева стигна по сигнал од американско разузнавање до швајцарските колеги дека е откриена комуникација помеѓу екстремистите кои разговарале за идејата за напад во Женева, како и Чикаго и Торонто.

Шефот на Женевската полиција Моника Бонфанти изјавила за „RTS“ дека „постои веројатност во Женева да има терористичка ќелија на „Исламска држава“. Таа додала дека полицијата трага по осомничените, но не кажа колку луѓе учествуваат во операцијата.

Аеродромот беше затворен само 20 минути. Поради два сомнителни пакети. Едниот се покажа заборавен багаж, а вториот беше спремен за контролирано детонирање.

Слично

Поврзани вести