Во Женева Кери пристигна со мисија за зајакнување на примирјето во Сирија
Државниот секретар на САД Џон Кери пристигна во Женева, во обид за зајакнување на нестабилнoто делумно примирје во Сирија во разговори со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Јордан.
Резолуцијата на Советот за безбедност повика на целоснo примирје, ja опфаќа територијата на целата земја, како и целата земја да биде достапна за хуманитарна помош.
Очигледно тоа не се случува, рече Кери во почетокот на средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех веднаш по пристигнувањето во Швајцарија синоќа.
Американскиот државен секретар истакна дека се надева на соработката на Русија за Сирија, како и дека сирискиот претседател Башар Асад ќе се слуша во Москва.
Кери побара во телефонски разговор од рускиот колега Сергеј Лавров да помогне за намалување на насилството во Сирија, особено околу градот Алепо. Самиот Лавров не се очекува на преговорите во Женева.
Во меѓувреме државната агенција на Сирија Сана соопшти дека терористи продолжуваат со бомбардирањето на станбените области на Алепо. Во последните 10 дена загинале над 250 жители на градот.
