Во земјата на Тедрос Аданом Гебрејесус е полошо од Украина, тој не знае дали неговите се живи
Не можам да му помогнам ниту на моето семејство кое гладува во Тигра, вели генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој оцени дека ситуацијата во етиопскиот регион Тигра, каде има војна, е исклучително тешка. Кажа дека има роднини таму, сака да им испрати пари, но не може.
Гебрејесус изјави дека не ни знае „кој од нив е жив, а кој не е”.
Од почетокот на конфликтот во Тигра во 2020 година, овој регион е отсечен од светот и нема телефонски или интернет врски.
Како што пренесуваат странските агенции, десетици илјади цивили загинаа, а на милиони им е потребна помош во храна.
Светската програма за храна соопшти дека речиси половина од населението на Тигра од 5,5 милиони е во сериозен недостиг на храна.Тедрос, поранешниот министер за здравство на Етиопија, неодамна кажа дека ситуацијата е полоша од онаа во Украина.
Поради граѓанската војна во Етиопија, само минатата година поради неухранетост починаа 1.900 деца.
Тензиите и конфликтот меѓу Владата и бунтовничката ТПЛФ доведоа до ваква ситуација.
