Во замена за тендер во Чешка, Русите ветуваат инвестиции од 6 милијарди евра
Ако Русија го добие тендерот за доградба на нуклеарката „Темелин“ во Чешка, рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека чешката индустрија може да добие инвестиции во износ од 6,2 милијарди евра. Одвен чешко-руската корпорација на тендерот се пријавил и американско–јапонскиот конзорциум „Вестингхаус“, по што чешкиот премиер мораше да ги уверува Русите дека ќе биде избрана најдобрата понуда, пишуваат чешките медиуми.
Од „Вестингхаус“ не ја коментираат понудата на рускиот претседател. Компанијата „ЧЕЗ“ пак која е сопственик на „Темелин“, одлуката за тоа кој го добил тендерот ќе ја донесе есенва, а градежните работи на нуклеарката треба да бидат готови до 2025 година.
Слично
