Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ВИЕНА ИСЛАМИСТИТЕ ПЛАНИРАЛЕ НАПАД ВРЗ СИРИСКИТЕ ХРИСТИЈАНИ: Полицијата трага по џип со странски ознаки со четири лица

ВО ВИЕНА ИСЛАМИСТИТЕ ПЛАНИРАЛЕ НАПАД ВРЗ СИРИСКИТЕ ХРИСТИЈАНИ: Полицијата трага по џип со странски ознаки со четири лица

Австриската полиција денеска во Виена го зголеми своето присуство на улиците особено околу верските објекти на сириско-христијанската заедница во Австрија. Медиумите јавуваат дека, според неофицијални информации, се планираат терористички напади врз припадници на сириско-христијанската заедница и нивните објекти во Виена.

Низ социјалните мрежи се прошири информација дека полицијата трага по „теренско возило со странски ознаки“ со четири лица, од кои едно е повредено. Полицијата не ги коментираше овие наводи. Припадниците на сириско-христијанската заедница потврдија дека полицијата во текот на денот разговарала со членовите на заедницата и дека влегле во верскиот објект на оваа заедница во виенскиот кварт Фаворитен.

Полицијата преку Твитер ги предупреди граѓаните

Некои австриски медиуми јавуваат дека плановите за напад се конкретно за коптската црква во Австрија. Според порталот Krone.at, исламистичките групи им се закануваат на припадниците на оваа заедница дека одбиваат да се борат во т.н. џихад.

Тарафа Багајати, претседател на Муслиманската иницијатива на Австрија, рече дека и умерените проповедници и членовите на муслиманската заедница долго време се под закана од исламските екстремисти и дека тие постојано барале полициска заштита.

Полицијата во средата наутро преку Твитер ги информирала граѓаните за зголемено присуство на униформирани припадници на полицијата и специјалната полиција во Виена. Во позадина на овие мерки се сознанијата на внатрешната тајна служба за можни терористички напади со исламистичка позадина. Во истиот твит беше објавено дека засега не може да се предвиди времетраењето на овие мерки.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести