Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Венецуела има недостиг на храна, избувнаа протести

Во Венецуела има недостиг на храна, избувнаа протести

Протести се одржаа во различни делови на главниот град на Венецуела, Каракас поради недостигот на храна, стоки и услуги.

Демонстранти се судрија со полицијата во Каракас во услови на остри тензии поради политичката и економската криза во земјата, пренесе ДПА. Протестите против недостигот на прехранбени производи се претворија во насилство и полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да стигнат до претседателската палата. Националниот сојуз на новинари соопшти дека 11 новинари се претепани и ограбени.

Венецуела е зафатена од тешка економска криза, која дополнително ги заострува политичките тензии меѓу социјалистичката влада на претседателот, Николас Мадуро и опозицијата, која држи мнозинство во парламентот по изборите во декември.

Рестрикциите на струјата и недостатокот на хранливи производи станаа секојдневие, а инфлацијата во земјата е меѓу највисоките во светот, забележуваат агенциите.

Опозицијата се стреми да го тргне од власт претседателот Мадуро со референдум. Минатиот месец таа собра 1,85 милион потписи за поддршка за референдум и го обвинува Националниот изборен совет дека намерно ја одолговлекува постапката.

Слично

Поврзани вести