ВО ВЕНЕЦУЕЛА ЗАГИНАА 35 ЛУЃЕ: Има ли надеж за излез од хаосот?
За седум дена во Венецуела на протестите против претседателот Николас Мадуро, загинаа 35 лица, а приведени се 850.
Овие податоци ги соопштија неколку невладини организации.
Меѓу 850 лица кои се приведени, има 77 малолетници, изјави Алфредо Ромеро, кој е директор на една невладина организација. Тој вели дека се вршеле претреси во домови на сиромашни семејства, без судски налог.
Длабоката поличка криза во Венецуела се зголеми последната недела затоа што опозицијата врши притисок да се организираат слободни избори.
Претседателот на Парламентот, Хуан Гваидо, се самопрогласи минатата недела на протест за привремен претседател на земјата.
Гваидо ги повика граѓаните на нови протести во среда и во сабота.
Самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо во интервју за британски Гардијан кажа дека решил да ја заврши работата и да го присили (претседателот Николас) Мадуро да отстапи од функцијата и со тоа да ја заврши хуманитарната криза во Венецуела која го предизвика најголемиот егзодус во поновата историја на земјата.„Фрустрацијата се претвори во надеж. Луѓето се осмелуваат повторно да сонуваат нови соништа, за да сонуваме за иднината, за да сонуваме за нашата земја. Не за она што сме, туку за она што можеме да станеме“, кажа тој.
Призна и дека, иако ја има поддршка од странски земји, ја сака поддршката во самата земја која му недостига, воената. Сепак, тврди и дека има поддршка од венецуелскиот воен аташе во САД кој застанал покрај него, а кого владата на Мадуро го нарече предавник.
Тој како поддршка го гледа и заминувањето на 3.600 војници од армијата.
Комбинацијата на меѓународната поддршка, опозициското единство и новите протети, според него, и даваат на Венецуела единствена шанса „да го остави хаосот зад себе“.
