Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Венецуела, Кина, Филипини има необични традиции за Нова година

Во Венецуела, Кина, Филипини има необични традиции за Нова година

Во светот има многу необични традиции кои се практикуваат на Нова година. 

Во Кина, црвената е бојата која носи среќа и радост, па оваа боја е доминантна за новогодишната ноќ. Подготовката за новогодишната ноќ значи 24 часа да се вадат сите ножеви од дома, за никој да не се повреди, затоа што таа несреќа би значела дека еден човек „сечел“, односно ја спречил среќата на целото семејство во новата година.

На Филипините Новата година се слави со канонада од рачно изработени бамбусови топови кои се направени само за да се „испука“ старата година што си заминува.

Во Венецуела, оние кои сакаат многу да патуваат во Новата година, според народното верување, мораат да се шетаат низ куќата со патна торба во рака.

Германците за дочекот на Нова Година земаат кромид со шест главици, го сечат на половина и го посолуваат. Така што секоја половина од кромидот претставува еден месец од годината. Потоа го оставаат да отстои за да го предвидат времето со негова помош. Тој месец ќе биде дождливо, а ако остане на површината, ќе бидат сончеви и топли денови.

Слично

Поврзани вести