Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Украина започна телевизиска војна!

Во Украина започна телевизиска војна!
Еден од најголемите оператори на телевизиски услуги во Украина - Волја објави дека од својата понуда ги исклучува најголемите и највлијателни руски телевизиски канали. Волја покрива преку 20% од украинскиот ТВ пазар, а за своите промени ги известиле корисниците низ целата земја. Ваквиот чекор на Волја доаѓа откако украинскиот Национален совет за телекомуникации им наложи на операторите да престанат со емитување на пет најголеми руски ТВ канали. Во образложението стои дека на овој начин се обидуваат да ги заштитат украинските граѓани од руска пропаганда, но и да го одбранат територијалниот интегритет на Украина. Најмногу заради големото руско малцинство во Украина, руските телевизиски канали досега беа гледани и во оваа земја. В недела на Кримскиот Полуостров треба да се одржи референдумот за независност, на кој оваа област ќе се изјасни дали е за отцепување од Украина и приклучување кон соседна Русија.
Слично

Поврзани вести