Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Украина загина 24 годишна новинарка

Во Украина загина 24 годишна новинарка

Mладата украинска новинарка Олександра Кавшинова е убиена во нападот во кој беше ранет новинарот на „Фокс њуз“ Бенџамин Хол, а убиен е и снимателот Пјер Закржевски. Таа имаше само 24 години.

„Во вчерашниот напад во близина на Киев, изгубивме убава, храбра жена, Олександра Кавшинова – Саша. Таа сакаше музика и беше духовита и добра. Имаше 24 години. Работеше со нашиот тим изминатиот месец и направи феноменална работа“, напиша на Твитер, продуцентката на „Фокс њуз“.

На 24 минатиот месец Русија ја почна воената инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести