Во Украина веќе нема да се слуша руска музика, исклучок има само за уметниците кои ја осудија инвазијата
Украина ја забрани руската музика.
Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“. Исклучок ќе бидат само уметниците кои јавно ја осудиле руската инвазија на Украина. Тајната служба ќе состави посебна листа на исклучоци.
Воедно забранет е увозот и дистрибуцијата на книги и други печатени материјали од Русија, Белорусија и териториите окупирани од Русија. Увозот на книги од Русија е забранет од 2016 година. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Дел од новинарите, научниците, бизнисмените во Русија побараа војната да запре.Веќе 116 дена руските и украинските сили војуваат во Украина. Во одбрана на Украина се вклучија и многу спортисти, актери, музичари, и други луѓе од јавниот живот.
foto freepik.com
