Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Украина течат реки од крв и солзи, вели Папата Франциск

Во Украина течат реки од крв и солзи, вели Папата Франциск

И Папата Франциск даде свое видување на војната во Украина. 

Тој го отфрли руското тврдење дека се спроведува „специјална воена операција“ во Украина, велејќи дека во државата има војна.

„Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која сее смрт, уништување и беда“, рече папата. 

Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Имаше две рунди преговори, а во исчекување на третата рунда, гинат цивили. 

Русија не попушта. Нападот ќе заврши кога ќе се исполнат барањата на Москва, рекол рускиот претседател Владимир Путин. 

Неговиот украински колега, Влодомир Зеленски вели дека следна за напад е Одеса. 

Слично

Поврзани вести