Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Украина стапи на сила трговско ембарго над Русија

Во Украина стапи на сила трговско ембарго над Русија

Во Украина од денеска стапува на сила декрет на владата, која воведува ограничувања на трговијата со Русија. Документот е објавен на сајтот на украинската влада, пренесоа агенциите.

Според декретот до 5 август 2016 година се наметнува забрана за увоз на царинската територија на Украина на стока со потекло од Руската Федерација, во согласност со листата.

Претходно Министерството за економски развој и трговија на Украина подготви листа на руски производи, чиј увоз во земјата се забранува од 10 јануари 2016 година. Во него влегуваат 43 категории на стоки.

Поконкретно тоа се пекари, тестенини, десерти, чоколади, месо, риба, кафе, црн чај, храна за бебиња, цигари со филтер, пиво, вотка и редица други, како и хербициди и локомотиви.

На крајот на декември украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша законот „за надворешни економски активности“, кој дава овластувања на владата на земјата да наметне економски санкции против Русија.

Врховната рада го усвои овој закон на 24 декември. Со него владата ќе има право да воведува забрана за надворешни економски операции или да ги ограничува, а исто така и да ги укинува царински олеснувања.

Овој документ е во како одговор на рускиот закон за прекинување на дејството на договорот за слободна трговска зона со Украина. Тој, пак, беше одговор со влегувањето на сила од 1 јануари на трговско-економскиот дел од договорот за асоцијација помеѓу Украина и ЕУ.

Слично

Поврзани вести