Во Украина стапи на сила примирјето на Путин: Прекин на огнот поради божиќните празници или Русија да добие време?
Во Украина денеска стапи на сила примирјето што рускиот претседател Владимир Путин и го нареди на армијата за време на божиќните празници.
Прекинот на огнот треба да трае до сабота на полноќ.
Украина и нејзините сојузници сметаат дека Русија донела таква одлука за да добие време.
Досега немаше прекин на огнот на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекин на огнот, таков беше случајот во април и мај кога цивилите беа евакуирани од фабриката во Маријупол.
Претходно русите објавија дека ќе биде прекинат огнот за време на големите христијански празници Бадник и Божиќ.
„Врз основа на фактот дека голем број православни верници живеат во областите на борбените операции, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот и да им даде можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник, како и на Божиќ“, рече Путин.
И патријархот Кирил, водач на Руската православна црква, повика на примирје во Украина за Божиќ, каде повеќето православни христијани го слават на 7 јануари.
Во говорот доцна во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека го користи прекинот на огнот како фронт за да го запре воениот напредок на Киев.
На 24 февруари минатата година Русија ја започна инвазијата на Украина.
Фото: EPA/ GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK
