Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО УКРАИНА СНЕМУВА МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОД: Снабдувањето се приближува до многу опасна точка, алармира СЗО

ВО УКРАИНА СНЕМУВА МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОД: Снабдувањето се приближува до многу опасна точка, алармира СЗО

Украина е без залихи на кислород што им е потребен на критично болните луѓе, соопшти во Светската здравствена организација, повикувајќи на безбеден премин за итен увоз додека беснеат борбите.

„Ситуацијата со снабдувањето со кислород се приближува до многу опасна точка во Украина. Камионите не можат да транспортираат кислород од погоните до болниците низ земјата, вклучително и главниот град Киев“, се вели во соопштението на генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус и регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, пренесува Ројтерс.

„Повеќето болници би можеле да ги исцрпат резервите на кислород во следните 24 часа. Некои веќе се потрошени“.

Кислородот е од суштинско значење за пациентите со низа состојби, вклучувајќи ги и 1.700-те во болница со СОВИД-19 и оние со други критични болести кои произлегуваат од компликации на бременост, породување, сепса, повреди и трауми.

Итните болнички услуги, исто така, беа загрозени поради недостигот на електрична енергија додека амбулантните возила кои превезуваат пациенти се во опасност да бидат фатени во вкрстен оган.

СЗО соопшти дека се обидува да ги зголеми залихите, најверојатно користејќи течен кислород и боци од регионалните мрежи. На овие залихи, како што соопштува СЗО, ќе им требаат безбедни транзитни рути по напуштањето на логистичкиот коридор низ Полска.

ФОТО: Raphael Alves/EPA

Слично

Поврзани вести