Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Турција уапсени кандидати за ИД

Во Турција уапсени кандидати за ИД

16 индонезиски граѓани, повеќето од нив жени и деца, биле уапсени во Турција, каде планирале да ја преминат границата и да се приклучат на „Исламска држава“, соопшти индонезиски министер.

11 деца, четири жени и еден маж биле фатени во провинцијата Газиантеп, која граничи со Сирија, изјавил синоќа за новинарите министерот за безбедност Теджо Едхи Пурдижатно, без да прецизира кога биле извршени апсењата. „Ние продолжуваме да го испитуваме случајот, но јасно е дека тие сакале да се приклучат на силите на ИД во Сирија, за да живеат по принципите на исламските закони на шеријатот“, додал тој.

Министерот ја дал оваа изјава во момент кога индонезиските власти откриле неодамна дека немаат информации за друга група од 16 државјани на земјата, кои заминале за Турција со туристичка група, но се сомневаат дека тие имале намера да преминат во Сирија

Слично

Поврзани вести