Во Турција останаа уште малку нелегални мигранти, но сепак може да направат цела држава
Турција во 2018-та задржала 219.000 нелегални мигранти, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Меѓу нив има само 37.000 Сиријци, додека доминираат Авганистанци и Пакистанци.
- Миграцијата не е ништо ново за нас. Многу пати во минатото сме имале наплив и сме се справувале успешно. Не можат да не преплават затоа што Турција има 80 милиони жители. Сме имале и 3.588.000 Сиријци во еден момент па не сме биле загрозени - изјави Сојлу.
Тој додаде дека во Европа во моментов има 700 илјади Сиријци преминати преку Турција, од кои 518 илјади во Германија.
Слично
