Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Токио се продава божикна елка за милионери

Во Токио се продава божикна елка за милионери
Елка од чисто злато за 5 милиони долари беше изложена за продажба денеска во Токио од страна на компанијата за златни предмети " Танака Кикинджоку " . За изработката на овој скапоцен камен со висина од 2,4 м биле искористени околу 43 килограми скапоцени метали. Украсена е со играчки со слики на детскиот лик Мики Маус , неговата девојка Мини и паторот Доналд кои летаат на воздушни балони. Елката за милионери ќе го чека својот купувач во една продавница на компанијата во токискиот кварт Гиндза на 25 декември . Таму ќе биде изложена и мини- елка од злато и сребро , чија цена ќе биде 1,62 милиони јени / 16 200 долари / . Таква понуда не е нешто ново за компанијата " Кикинджоку " . Во 2008 година таа претстави златна елка со играчки од дијаманти , платина и бисери , а во 2007 година во искушение паднаа богатите клиенти со статуетка на Дедо Мраз  од чисто злато.
Слично

Поврзани вести