Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Токио падна ноемвриски снег за прв пат по 54 година

Во Токио падна ноемвриски снег за прв пат по 54 година

Жителите на Токио видоа утринава ноемвриски снег за прв пат по повеќе од 50 години, соопштија американските медиуми. 

Невообичаено студена воздушна маса донесе влажен снег во јапонската престолнина. Тротоарите и автомобилите во западните предградија на Токио се покриени со снег, но бидејќи температурата на воздухот во градот е над нулата, не се формира трајна снежна покривка.

Метеоролози предвидуваат дека ќе падне до 2 см снег, а во планините на северозапад од Токио врнежите ќе бидат обилни. Температурите за еден ден паднаа на 4 степени. 

Врнежите предизвикаа благо забавување на утринските возови од и кон блиските населени места. Последен пат во Токио паѓал ноемвриски снег во 1962 година. 


Слично

Поврзани вести