Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во текот на ноќта во Украина влегле тенкови од Русија

Во текот на ноќта во Украина влегле тенкови од Русија

Околу 50 тенкови и друга машинерија влегле ноќеска на Украинска територија од правец на Русија, додека во Минск траеше состанокот за Украина, изјавил потпаролот на украинската војска Андриј Лисенко.

Потпаролот на украинската војска Андриј Лисенко изјавил на конференцијата за новинарите дека околу 50 тенкови, 40 ракетни фрлачи од типот „гард“, „ураган“ и „смерч“ и исто толку оклопни возила кои ја преминале руско-украинската граница на преминот во областа Луганск, пренесува Бета.

Соред податоците на терен, 14 цивили и двајца војници загинале во последните 24 часа на истокот од Украина.

„Во борбите и воздушните напади на Украина загинале два војника а 21 се повредени“, изјавил потпаролот на војската Владислав Селезнјов.

Во Доњецк загинале седум цивили а 14 се повредени, четири цивили настрадале во Луганск, додека во бомбардирањето на Авдивки загинале 3 луѓе, соопштиле локалните власти.

Во Минск е постигнат договор за прекинување на огнот и повлекување на тешкото воружување долж линијата на фронтот во Украина.

Договорот би требало да стапи на сила во недела на 15 фребруари.

Слично

Поврзани вести