Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во СЗО се загрижени дали вакцините ќе делуваат ефикасно против мутациите на коронавирусот

Во СЗО се загрижени дали вакцините ќе  делуваат ефикасно против мутациите на коронавирусот

Светот е исправен пред нов предизвик, а тоа е дали вакцините ќе помогнат во борба со новите соеви на коронавирусот. 

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека појавата на нови видови на коронавирусот покрена прашања дали постојните вакцини ќе функционираат и против нив. Тој вели дека има загрижувачка вест дека постојните вакцини би можеле да бидат помалку ефикасни против видот откриен во Јужна Африка. Ги повика производителите да бидат подготвени брзо да ги прилагодат своите вакцини за да бидат ефикасни. Тедрос на брифингот рече дека одлуката на Јужна Африка да ја прекине кампањата за вакцинација со вакцината на „АстраЗенека“ е потсетување дека мора да сториме сè за да ја намалиме циркулацијата на вирусот.

Група научници откриваат дека ефикасноста на вакцината од фармацевтската компанија АстраЗенека дава само 10 проценти заштита против новиот вид на корона вирусот кој е детектиран во Јужноафриканската Република.

Во светот се шират бразилска, британска, данска и јужноафриканска мутација на коронавирусот. Досега во светот се потврдени повеќе од 106 милиони случаи на коронавирусот. Од вирусот починаа 2.3 милиони луѓе. 

foto reuters

Слично

Поврзани вести