Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во свлечиште на југозападот на Кина затрупани 47 лица, 200 се евакуирани

Во свлечиште на југозападот на Кина затрупани 47 лица, 200 се евакуирани

Четириесет и седум лица се затрупани по лизгање на земјиште во зафрлено место во југозападната кинеска провинција Јунан, додека над 200 лица беа итно евакуирани, објавија денеска државните медиуми.

Засега нема вести за загинати или повредени лица. Иако не се знаат точните причини кои го предизвикале свлечиште, од видеата се гледа дека снегот го прекрил теренот и продолжува да паѓа.

Драмата се случила утрово околу 6 часот по локално време во селото Лиангшуи во кантонот Женгсионг, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, додавајќи дека се затрупани 18 куќи.

„Итно се евакуирани повеќе од 200 жители, во спасувачката акција учествуваат 10 багери, 33 противпожарни возила и повеќе од 200 спасувачи“, јави јавната телевизија ЦЦТВ.

Снимките на кинеската социјална мрежа Дујин покажуваат планинско село покриено со снег и куќи делумно затрупани од лизгање на земјиштето.

Кинескиот претседател Си Џинпинг им наредил на спасувачите да направат се што е можно, пренесува CCTV.


Јунан е планинска провинција дом на бројни етнички групи и е меѓу најсиромашните во Кина.

Свлечиштето се наоѓа на околу 1.600 километри југозападно од Шангај и на околу 350 километри североисточно од главниот град на провинцијата Кунбинг.

Според кинеската метеоролошка служба, температурите во кантонот Женсионг се движат околу нула степени во текот на денот, а ноќе се спуштаат до минус четири. 


Одроните се вообичаени во планинските југозападни делови на Кина, особено по врнежите.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести