Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во светот се потврдени повеќе од 130 милиони ковид случаи

Во светот се потврдени повеќе од 130 милиони ковид случаи

Во светот досега се потврдени повеќе од 130 милиони ковид случаи. 

Досега 2.840.729 луѓе починале, а 104.922.225  оздравеле.  Најмногу заразени има во САД, каде што Ковид-19 е потврден кај повеќе од 31,24 милион луѓе. Потоа следуваат Бразил со 12,84 милиони лица заболени од коронавирус, Индија со 12,3 милиони лица, Франција со 4,69 милиони, Русија со 4,55 милиони и Велика Британија со 4,33 милиони. Зад нив се Италија, Турција и Шпанија, а потоа следат Германија, Колумбија и Полска.  Источен Тимор, Доминика, Нова Каледонија, Лаос, Макао, Фарските острови и неколку други засега немаат починати од вирусот. 

Состојбата е многу лоша во Бразил. Бразилскиот град Сао Паоло ги забрза напорите за празнење на старите гробници, за да се ослободи простор за зголемениот број на смртни случаи од Ковид, бидејќи во метропола во изминатата недела се регистрирани рекордни бројки на дневни погреби. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести