Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во светот нови 14 илјади заразени со коронавирус, СЗО апелира: тестирајте ги сомнителните

Во светот нови 14 илјади заразени со коронавирус, СЗО апелира: тестирајте ги сомнителните

За само 24 часа од корона вирусот се зарзени близу 14 илјади нови пациенти, по што денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом апелира до владите во светот да се тестира секој сомнителен случај.

-Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте“, изјави денеска Аданом, на редовната прес-конференција. Ги повика сите земји за заземат целосен пристап во спречување на ширењето на инфекцијата, но напомена дека најефикасен начин е само ако се скине синџирот на пренос на вирусот.


- За да го направите тоа, мора да ги тестирате и изолирате луѓето. Не можете да се борите со пожари со затворени очи. И не можеме да ја спречиме оваа пандемија ако не знаеме кој е заразен“, потенцираше Тедрос.

Според него, мерките за социјална оддалеченост можат да помогнат во намалувањето на пренесувањето на вирусот, а миењето на рацете и кашлањето на лактот исто така може да го намалат ризикот од заболувањето, но овие мерки, како што рече, не се доволни за да се искорени оваа пандемија.

До денеска има повеќе од 186 илјади заразени, а речиси 7.500 луѓе починаа.


Слично

Поврзани вести