Во светот има за 43 отсто повеќе починати од коронавирусот за една седмица
Расте бројот на починати од коронавирусот. Бројот за една недела е поголем за 43 отсто, укажува Светската здравствена организација(СЗО).
Бројот на нови случаи на коронавирус во светот во текот на изминатата седмица е 14 отсто помал во однос на претходната недела. Над 10 милиони луѓе биле заразени со коронавирусот минатата недела, а повеќе од 45.000 пациенти починале, пишува Тасс.
СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смрт од Ковид-19 во Чиле и САД и променетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.
Од СЗО додаваат дека од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај скоро 482 милиони луѓе, а повеќе од шест милиони починале.
Во Европа расте бројот на заразени и таму веќе има нов бран.foto freepik.com
