Во светот 6 до 8 милиони луѓе починале поради коронавирусот, тврди СЗО
Се смета дека во светот бројот на починати од коронавирусот е многу поголем од официјалниот.
Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека е можно во целиот свет 6 до 8 милиони смртни случаи да се поврзат со пандемијата. СЗО процени дека во 2020 со ковид-19 починале најмалку 3 милиони луѓе, односно 1,2 милиони луѓе отколку што е регистрирано. Агенцијата на ОН соопшти дека 3,4 милиони умрени до мај директно може да се поврзат со пандемијата. Во светот досега се потврдени над 165 милиони ковид случаи. Најмногу има во САД, Индија, Бразил, Франција, Турција, Русија.
foto freepik
Слично
