Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во судири меѓу Киргистан и Таџикистан повредени се шест лица

Во судири меѓу Киргистан и Таџикистан повредени се шест лица

Нов конфликт изби меѓу Киргистан и Таџикистан, при што шестмина се повредени. 

Киргистанските и таџикистанските граничари пукале поради судирите за блокиран пат, јавија локалните медиуми. Граѓаните на Таџикистан го блокирале патот меѓу центарот на провинцијата Баткен и киргистанското село Исфан. Киргистанските власти изјавија дека таџикистанските граничари истрелале минофрлачи, пренесе АП. На границата е прогласена воена состојба. Администрацијата на регионот Баткен во Киргистан објави дека жените, децата и постарите лица се евакуирани на безбедно од селата во зоната на конфликтот.

На границата меѓу овие две земји често има конфликти. Лани 55 луѓе загинаа во судирите што избувнаа во близина на границата во спор за правата на водата и поставувањето камери за надзор.

Слично

Поврзани вести