Во стан во Минхен пронајдено нацистичко богатство вредно милијарда евра
Богатство вредно околу 1 милијарда евра откри полицијата во запуштен стан во Монхен. Станува збор за пронајдена колекција од околу 1.500 уметнички дела, кои во текот на триесетите и четириесетите години од минатиот век ги конфискувале Германците. Како што објавија германските медиуми, станува збор за маестрални дела на Пабло Пикасо, Анри Матис, Емил Нолдем и други уметници. Станот каде што се најдени пак е во сопственост на колекционерот Хилдербранд Гурлит во Минхен.
По неговата смрт, богатсвото припаѓа на неговиот наследник, синот Корнелиус кој за германската полиција станал сомнителен уште во 2010 година. Тогаш царината во случајна проверка на патници на воз од Швајцарија за Минхен, пронашла кај него поголема сума пари.
Како што пишува германскиот магазин „Фокус“Гурлит, „своето богатство“ го чувал во затемнети простории и повремено продавал од него кога му недостасувале пари.
Според овој магазин, скапите уметнички творби нацистите на сила ги откупувале од еврејските колекционери или ги украле од нив во текот на војната.
Ако се потврди дека ова се оригинални дела на големите уметници, ова ќе биде најголемо откритие на украдени творби од околу милијарда евра.
Слично
