Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сообраќајна несреќа загинаа 13 украински војници

Во сообраќајна несреќа загинаа 13 украински војници
Тринаесет украински војници го загубија животот , а седумнаесет се повредени при стравична сообраќајна несреќа помеѓу автобус и воени возила на истокот во Украина, соопштува украинската национална гарда. Полициските претставници потврдиле дека лошите временски услови, голомразицата и лошата видливост биле главна причина за несреќата. Обвинителството сепак покренало истрага за случајот. Сите повредени војници биле примени во болницата во Артемивск и не се наоѓаат во животна опасност. До судирот дошло недалеку од селото Минкивк, кое се наоѓа на околу 60 километри од упориштето на бунтовниците во Донецк.
Слично

Поврзани вести