Во Словенија со референдум ќе се одлучува за економски закони?
Триесет опозициски пратеници во словенечкиот Парламент поднесоа барање за одржување референдум за два закони кои Владата на Јанез Јанша ги смета за клучни за економското заздравување, предизвикувајќи реакција на владејачката коалиција дека со тој „деструктивен потег“ се обидуваат да ја урнат Владата и го отежнуваат излезот од кризата.
Партијата Позитивна Словенија која ја води љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ потврди дека барањето за одржување референдум за законот за санација на банките, за законот за холдинг за управување со државниот имот, го потпишале нејзините 27 пратеници, двајца независни пратеници и еден пратеник од опозициските Социјалдемократи.
Иницијативата е пратена во парламентарна процедура вчера неколку минути пред полноќ, кога истекуваше последниот рок.
Партијата Позитивна Словенија во соопштението наведе дека за референдумот за двата спорни закони се одлучила бидејќи тоа значи само „продлабочување“ на кризата и не се вистински решенија.
Слично
