Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во скривница на мафијашка организација најдени слики од Ван Гог

Во скривница на мафијашка организација најдени слики од Ван Гог

Две украдени слики од Ван Гог се пронајдени при рација на италијанската анти-мафиска полиција во Неапол.

Сликите „Поглед на морето во Шевенинген“ и „Напуштање на црквата во Нуне“ се украдени на 7 декември 2002 година во Амстердам, а според првичните информации, платната се извадени од оригиналните рамки, но се неоштетени и се во добра состојба.

Тие биле во скривница на мафијашката организација Камора, а кога ќе бидат вратени во Музејот на Винсент Ван Гог не се знае.

Овие дела пред да бидат украдени се проценети дека вредат 30 милиони долари. На аукциите секогаш делата на Ван Гог се продаваат за милионски суми. Украдените слики се насликани во 1882 и 1885 година.


Слично

Поврзани вести