Во Сирија веќе имало 28 руски борбени авиони, над земјата летаат беспилотни летала на Москва
Дамаск доби нови борбени и разузнавачки авиони од Москва за борба против „Исламската држава“, изјавил сириски воен извор, цитиран од „Франс прес“.
„Нашата воздухопловна армија доби најмалку пет борбени авиони од Москва, а исто така и разузнавачки авион, кој ни овозможува да ги идентификуваме целите со поголема прецизност“, додал највисокиот сириски претставник.
Според него Москва им подарила и друга „модерна воена опрема за борба против „Исламската држава“.
Потсетуваме дека вчера американски извор откри пред светската новинска агенција дека Русија распоредила 28 борбени авиони во Латакија. Москва испратила борбени авиони и бомбардери, а друг извор открива за други 20 руски воени и транспортни хеликоптери во Латакија.
Исто така претставници на американските власти соопштија дека Русија почнала разузнавачки мисии со беспилотни летала во Сирија.
Руските дронови изгледа се организираат од воздухопловната база во близина на Латакија, каде Москва распореди тешко вооружување, вклучувајќи борбени авиони, хеликоптери и поморски пешадиски сили во последните неколку дена.
Лансирањето на руски беспилотни летови ги нагласуваат ризиците за авијација на коалицијата предводена од САД и руските летови кои работат во ограничениот воздушен простор на Сирија, забележува „Ројтерс“.
