Во Сирија убиени најмалку 28 припадници на ИСИС
Во северна Сирија убиени се најмалку 28 припадници на ИСИС, по акцијата синоќа, пренесува Анадолија.
Од безбедносни извори соопштуваат дека се откриени засолништа на терористите во регионите Цариз, Јахмул и Кафран, северно од Алепо. Преку ноќта па се до утринските часови, изведени се напади авионски и со топови на позициите на ИСИС. Убиени се 14 терористи, а потоа уште 14 други терористи, при што се уништени и објектите кои тие ги користеле. Позициите на терористите ги открија турските вооружени сили.
Слично
