Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Сирија расте продажбата на блиндирани автомобили

Во Сирија расте продажбата на блиндирани автомобили

Англискиот сајт специјализиран за вести од арапскиот свет „Ал Арабија“ известува дека на Блискиот Исток одлично оди продажбата на блиндирани автомобили, воглавно оние од САД.

Продажбата на блиндирани автомобили е во пораст во земјите на Блискиот Исток, како Ирак, Јордан, Либан, Сирија и Јемен, како и во земјите како Aвганистан, Сомалија и Либија.

Американската фирма „Texas Armoring Corporation“, специјализирана за производство на вакви видови возила во последните две до три години во овој регион бележи годишен раст од 15 посто, а нивните најверни клиенти се богаташи кои се плашат од киднапирање.

Проблемот е во тоа што оваа индустрија доживува силни подеми и падови, меѓутоа поттикот за продавање е многу едноставен, објасни Patrick Aouad, претседател на управата на фирмата Јака Груп која само оваа година продаде 300 блиндирани автомобили.

Aouad смета дека во случај Сирија да биде нападната и стане како Ирак, би можело продажбата да достигне од 1.000 до 1.500 блиндирани возила.

Моментално во регионот се продаваат околу 3.000 блиднирани возила годишно.

Слично

Поврзани вести