ВО СИНГАПУР Е ПОГУБЕНА ЖЕНА ПОРАДИ 30 ГРАМА ХЕРОИН: „Смртна казна за секој што е фатен со повеќе од 500 грама канабис или 15 грама хероин“
За прв пат по 20 години, жена е погубена во Сингапур,
потврдија официјални лица. Саридеви
Јамани, 45-годишна Сингапурка, беше прогласена за виновма за трговија со 30 грама хероин во 2018 година.
Таа е вториот осуденик за дрога што е погубен во Сингапур оваа недела и 15-ти од март 2022 година.
Азиската нација има некои од најстрогите закони против дрогата во светот, за кои властите велат дека се неопходни за заштита на општеството.
Според законот, смртната казна го следи секој кој е фатен како се занимава со повеќе од 500 грама канабис или 15 грама хероин.
Централното биро за наркотици во земјата соопшти дека во случајот со Саридева, која беше осудена на смрт на 6 јули 2018 година, се било во согласност со законот.
Највисокиот градски суд ја отфрли жалбата против нејзината егзекуција, поднесена на 6 октомври 2022 година. Надлежните најавија и дека петицијата за претседателско помилување била неуспешна.
Таа беше погубена само два дена откако беше погубен и Мохди Азиз бин Хусеин. Во 2017 година тој беше осуден за продажба на 50 грама хероин.
Во април, Тангараја Супија беше погубена и поради продажба на килограм канабис.
Ричард Бренсон, британски милијардер, го критикуваше Сингапур за овие егзекуции, велејќи дека смртната казна не е начин за борба против криминалот.
„На малите дилери на дрога им е потребна помош, бидејќи повеќето од нив се злоупотребени“, напиша Бренсон на Твитер еден ден пред егзекуцијата на жената.
Саридеви е една од двете жени осудени на смрт, според податоците на сингапурската група за човекови права Transformative Justice Collective. Таа е првата жена што е погубена од градот-држава по Џејн Меј Вон во 2004 година, според организацијата.
Џен исто така беше осудена на смрт поради трговија со дрога.
Локалните медиуми јавуваат дека Саридеви за време на судењето изјавила дека складирала хероин за лична употреба за време на месецот на муслиманскиот пост. Иако не признала дека продавала наркотици во станот, како хероин и метамфетамин, тврдела дека тоа го правела во помали размери, изјави судијата Си Ки Он.
Властите велат дека строгите закони за дрога помагаат Сингапур да остане едно од најбезбедните места во светот и дека смртната казна за прекршоци за дрога е широко поддржана.
Но, противниците на смртната казна ги оспоруваат тврдењата на властите.
ФОТО: Twitter