Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Сиднеј протести: Јас сум муслиман

Во Сиднеј протести: Јас сум муслиман

Стотици муслимани протестираа во Сиднеј против негативното медиумско претставување на исламот и против карикатурите на пророкот Мохамед објавени во францускиот магазин „Шарли Ебдо“.

Полицијата информираше дека 14 лица биле тргнати од улиците зашто го нарушувале мирниот протест, но нема покренато обвинувања.

Околу 800 демонстранти излегоа на улиците со плакати на кои на француски јазик пишува „Јас сум муслиман“.

Слоганот е одговор на насловната од последното издание на магазинот „Шарли ебдо“, на која беше прикажан пророкот Мухамед со натпис „Јас сум Шарли“, а беше првиот број на сатиричниот магазин објавен по нападот на редакцијата на 7 јануари во Париз во кој загинаа 12 лица.

Слично

Поврзани вести