Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Шведска заборавете на кеш!

Во Шведска заборавете на кеш!
Четири од пет трансакции Швеѓаните ги прават со кредитна картичка или по електронски пат, покажува најновото истражување спроведено во оваа скандинавска земја. Ова практично значи дека жителите на Шведска речиси во целост се откажуваат од готовината како платежно средство. Секој Швеѓанин во просек по 260 пати годишно ги користи услугите на електронското плаќање. Благодарение на унапредениот систем за електронско плаќање, каков што е „Свиш“, надмината е потребата за употреба на банкомати за повлекување на готовина. На улично ниво, дури и најмалите малопродажни објекти прифаќаат плаќање со картичка. Но, ова не е тренд во цела Европа. Во Италија, на пример, готовината и натаму е незаменлива и со неа се покриваат речиси три четвртини од вкупното купување. Од друга страна, според наводите на Здружението на шведски банкари, вооружените ограбувачи се чини дека остануваат без работа. Така, во 2012 година во Шведска се пријавени само пет грабежи на банки, што е најниска стапка во последните 30 години. Според мислењето на експертите, целосното исчезнување на кешот од шведскиот платен систем би можело да се случи веќе во 2030 година.
Слично

Поврзани вести