Во Шведска рекорден број на нови позитивни на Ковид -19
Рекорден број на новозаразени од коронавирусот има во Шведска.
Станува збор за рекордни 1.474, а надлежните објаснуваат дека до порастот дошло поради зголемениот обем на тестирање.
Бројот на заразените сега се искачи 48.300, а вкупниот број на починати, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814, што во однос на бројот на жители е неколку пати зголемен отколку во соседните нордиски земји, но и нешто понизок во однос на најтешко погодените европски држави како Шпанија, Велика Британија и Италија, пренесува Ројтерс.
Земјата во борбата со пандемијата се потпираше на доброволна примена на превентивни мерки
Во светот најмалку 7 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.
Слично
