Во Шведска пораст на протерувања на деца – најмногу во Србија
Се поголем број деца азиланти без родители принудно се протеруваат од Шведска. Лани полицијата протерала 144 деца, во споредба со 64 случаии една година претходно.
Од јануари 2011 година шведската Влада и Миграцискиот завод ја засилија работата околу азилантските барања и протерувања на деца азиланти дојдени во Шведска без родители.
Станува збор за пројектот „Европска платформа за враќање на малцинства“, кој се реализира со поддршка од ЕУ.
Минатата година во Шведска дошле околу 3.600 деца азиланти без родители, а што претставува пораст од 35 отсто во споредба со 2011 година.
Најголем број од децата азиланти минатата година се протерани од Шведска во Србија. Пред се, станува збор за деца од ромска националност. Поголем број деца азиланти лани се протерани и во Италија, Данска, Норвешка и Германија, пишува шведскиот весник „Метро“.
