Во Шведска ќе се работи само шест часа на ден?
Шведска има намера да воведе шестчасовен работен ден и веќе почна да ја тестира ефикасноста и продуктивноста на работниците по овој модел.
„Крајно време е да дадеме шанса на оваа практика. Се надеваме дека вработените кои ќе работат шест часа во денот ќе земаат помалку боледување, ќе се чувствуваат подобро ментално и физички“, вели градоначалникот на Гетеборг, Матс Пилхелм посочувајќи дека градското собрание ќе користи двe различни одделенија за тестирањето.
Вработените едниот оддел ќе работат шест часа на ден, а во другиот седум колку што е сегашниот стандард во Шведска, без да имаат намалување на платите. Со воведувањето на пократок работен ден се очекува и да се создадат повеќе работни места во земјата, но и да се зголеми ефикасноста на работниците.
Слично
