Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Шпанија протести против студиите за нафта на Канарските острови

Во Шпанија протести против студиите за нафта на Канарските острови
Еколошки здруженија , претставници на регионалните власти , актери и граѓани во Шпанија почнаа протест против нацрт студијата за наоѓалишта на нафта во Канарските острови, пренесе агенцијата Франс прес. На демонстрациите во Мадрид демонстрантите презентираа манифест насловен " За Канарските острови без нафта " , потпишан од над 40 организации , меѓу кои " Гринпис " и WWF , како и политички партии , на чело со социјалистите , кои се главната опозициска сила во Шпанија . Според екоактивистите, експлоатацијата на нафта , која се планира да биде извршена од страна на компанијата " Репсол " , е сериозна закана за природните богатства на архипелагот , за неговата економија и туристичка индустрија и за неговите можности да се снабдува со вода за пиење . Текстот на манифестот беше прочитан од актерката Пилар Бардем , мајка на оскаровецот Хавиер Бардем . Манифестот беше објавен на интернет сајтот на savecanaries.org и само за еден ден собра над 33.000 потписи. Претседателот на ентитетот Канарски Острови Паулињо Ривера , претставник на националистичката партија " Коалицијата на Канарските острови" , кој се стреми кон поголема автономија на архипелагот , објави дека неговата влада е подготвена да ги преземе сите законски мерки да ја спречи реализацијата на проектот . Во 2012 година Канарските острови беа рангирани на трето место на листата на најпосетени туристички места во Шпанија . Во ентитетот сепак има 35 -процентна невработеност , што и дава аргументи на владата во Мадрид да инсистира за развивање на нови економски активности освен туризмот.
Слично

Поврзани вести