Во Шпанија продаваат фалс Ferrari и Aston Martin за 40.000 евра
Шпанската полиција разби група, специјализирана во продажба на копии на автомобили на познатите компании како Ferrari и Aston Martin. Бандити нуделе машини од средна класа, кои се преработени, за да изгледаат како вистинските.
Како што информираа од агенција ANSA, полицијата направила рација во две работилници, каде што машините биле репарирани. Органите на редот заплениле вкупно 19 фалсификати - 17 Ferrari и две реплики на Aston Martin. Интересно е дека повеќето од компонентите биле правени од самите криминалци. Тоа што не успевале да го направа, го порачувале од фабриката на Ferrari.
Готовите машини се продавале за сума од околу 40.000 евра. Производите им биле понудени на интернет на клиенти во Мадрид и Севиља. Криминалците не криеле дека автомобилите им се реплики на познати модели. Самите купувачи знаеле што купуваат, но тврделе дека страста кон слични машини е толку силна што се подготвени да прифатат и фалсификати.
Целата „шема“ била пријавена од дилерите на Ferrari во Шпанија, кои се револтирани од случувањата. Органите на редот спроведоа истрага и ќе се обидат да стават крај на активностите на измамниците.
Слично
