Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Шангај е детектиран нов подвид на омикрон кој не ги препознава старите вакцини

Во Шангај е детектиран нов подвид на омикрон кој не ги препознава старите вакцини

Новa подваријанта на омикрон e откриена во кинескиот град Шангај. 

Новозаразениот е од населбата Пудонг и го поврзуваат со случај кој пристигнал од странство. Во Шангај на почетокот на јуни е укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки. Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање.  Масовно тестирање е наложено минатата недела поради зголемениот број случаи. Новата подваријанта на омикрон не ги препознава старите вакцини, а со неа може да се заразат и прележаните пациенти. Жителите на Шангај и онака често се тестираат за да имаат пристап до различни локации и јавен превоз. Дневниот број на локално пренесени инфекции во Шангај се искачи на неколку десетици од 5 јули. Коронавирусот за првпат се појави во Вухан во Кина во 2019 година. Вирусот досега однесе во смрт најмалку 15 милиони луѓе во светот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести