Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сезона на дождови, во Бразил – суша

Во сезона на дождови, во Бразил – суша

Бразил се соочува со најлошата суша во последните 85 години, изјави министерката за животна средина Изабела Тешеира. Таа, по итниот состанок им нареди на државите Сан Паоло, Рио де Женеиро и Минас Герес да ја штедат водата.

Поради слабите врнежи, иако во Бразил е сезона на дождови, фабриките и фабриките се соочуваат со енергетска криза. „Со оглед на фактот што податоците за југоисточниот регион на Бразил се собиран последниве 84 години, досега не се има случено толку загрижувачка ситуација“, вели Тешеира за Би-Би-Си. Секретарот за животна средина Андре Кореа вели дека Рио де Женеиро ја преживува најлошата криза без вода во историјата. Тој сепак, вели дека има доволно вода за следните шест месеци да не се воведуваат рестрикции. Кризата почна во Сан Паоло, каде стотина жители се соочија со недостиг на вода. Оваа држава и лани имаше слични проблеми.
Слично

Поврзани вести