Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Северна Кореја „никна“ нов град, тој е визија на Ким Џонг Ун

Во Северна Кореја „никна“ нов град, тој е визија на Ким Џонг Ун

Северна Кореја доби нов град. Лидерот Ким Џонг Ун го посети новоизградениот град во близина на границата со Кина. 

Ким вели дека изградбата на новиот град дава искуство во градежништвото, дизајнот и употреба на најнова технологија. Тоа ќе го поттикне економскиот развој на останатите региони во Северна Кореја. 

Самијон е новиот град на северот на земјата, кој се претвора во голем економски центар, а луѓето го нарекуваат „социјалистичка утопија“. Има нови станови, хотели, ски-центри, како и комерцијални, културни и здравствени објекти.

Градот е сместен во близина на „светата планина“ Пекту, за која семејството на Ким тврди дека потекнува оттаму. Ким Џонг Ун повеќе пати ја посети споменатата планина од 2018 година, а државната новинска агенција KCNA ја прикажува како „отелотворена модерна цивилизација“.

Слично

Поврзани вести