Во Северна Кореја коронавирусот однесе 21 жртва
Северна Кореја пријави 21 починат од коронавирусот, една недела откако објави дека има епидемија во земјата.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека ширењето на вирусот ја довело земјата во „големи превирања” и повика на сеопфатна битка за надминување на епидемијата. Поради ограничените можности за тестирање во Северна Кореја, експертите велат дека објавените бројки веројатно претставуваат мал дел од вкупните инфекции, што може да доведе до илјадници смртни случаи.
Владејачката Работничка партија во земјата итно се состана при што слушна извештаи за лекување на околу 280.810 луѓе со симптоми и вкупно 27 смртни случаи откако беше пријавена треска од неидентификувано потекло кон крајот на април, објави новинската агенција КЦНА.
Останаа уште две држави во светот каде нема заразени со коронавирусот.Досега во светот, 15 милиони луѓе ја изгубија битката со коронавирусот. Овој податок го објави Светската здравствена организација(СЗО).
