Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во село кај Мариупол се најдени масовни гробници

Во село кај Мариупол се најдени масовни гробници

Украинските власти објавија дека масовни гробници се најдени и во градот Мариупол. 

„Масовни гробници се пронајдени во село во близина на Мариупол“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

Откриени се „ровови“ во селото Мануш во областа Доњецк и тврди дека руските сили ги собрале телата во камиони и ги фрлиле таму. Тој тврди дека Русите ги „бришат“ и сакаат да ги прикријат злосторствата кои ги направиле. 

„Според нашите проценки, повеќе од 20.000 цивили беа убиени во непријателските артилериски и ракетни напади на улиците на нашиот град“, додаде тој.

Русија објави дека го има под контрола и Мариупол. Претходно, во Буча и близу Киев беа најдени масовни гробници. Тела на убиени цивили беа најдени и во Ирпин. На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. 

фото Принтскрин
Слично

Поврзани вести